Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со изложба на дела од Славко Упевче инспирирани од Св. Наум во петок започнува научната и уметничка визита 2023 година

Со изложба на дела од Славко Упевче инспирирани од Св. Наум во петок започнува научната и уметничка визита 2023 година

1 min read

Охрид, 26. јули 2023 (ИНПРЕС) – Од Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија“ – МАНУ, Охрид ја објавија програмата за научната и уметничка визита 2023 година.

Ќе започне во петок, на 28-ми јули 2023 година, од 20:00 часот со изложбата на дела од колекцијата на ликовниот уметник Славко Упевче инспирирани од Св. Наум.

– На 10, 11 и 12 август 2023 година ќе се одржи лингвистичка работилница „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“ на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ. На 25. и 26. август 2023 година ќе се одржи синолошка конференција за кинескиот јазик, литература и култура на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ. На 27. август 2023 година, со почеток во 12:00 часот е закажана поетска средба „Разговор со акад. Павле Горановиќ“, член на Црногорската академија на науките и уметностите. Во текот на август ќе се одржи и промоција на изданието посветено на научноистражувачката работа на Акад. Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање на одделението за технички науки на МАНУ, а од 29. август до 2. септември 2023 година ќе се одржи „Охридска школа на природното право“ на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, информираат од Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија“ – МАНУ, Охрид.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури, на сила денеска и утре
Next Охрид најубав: 26. јули 2023 година

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.