Охрид, 3. август 2023 (ИНПРЕС) – На 2-ри август 2023 година, во 03:40 часот, во близина на угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 33-годино лице од охридското село Велгошти.
– При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа нож. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од Секторот.
извор: СВР Охрид фото: ИнПрес

