Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во Куќата на Робевци вечерва ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“

Во Куќата на Робевци вечерва ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“

1 min read

Охрид, 4. август 2023 (ИНПРЕС) – Во Куќата на Робевци, вечерва од 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“.

– Оваа трета едиција на изложбата Антологија е посветена на апстрактното сликарство и енформелот во Македонија и во бившите југословенски простори и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во нашата институција. Апстрактната уметност на тлото на бившите југословенски простори во вистинскa смисла, се појавува после педесеттите години на 20. век и е морфолошки поделена на два вида сензибилитети, од една страна конструктивниот геометризам, геометриската апстракција, а од друга страна, е акцијата и гестуалниот потез, односно апстрактниот експресионизам, лирската апстракција и енформелот, информираат организаторите.

Додаваат дека естетиката на апстрактниот експресионизам и лирската апстракција ќе го изменат перцептивниот однос кон предметите, а со тоа и самата психологија на создавањето на уметничкото дело, така што создавањето е сфатено како импулс на внатрешна енергија, односно како единство на гестот, знакот и акцијата.

– Енформелот од друга страна како правец доаѓа малку подоцна, односно кон крајот на шеесеттите години на 20. век. Енформелот ја носи со себе естетиката на чиста љубов кон материјата, каде што делото ја напушта целосно смислата за боја, линија и гест и постанува исечок од една макро или микро природа, потенцираат организаторите на изложбата.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Св. мироносица Марија Магдалина – Блажена Марија
Next Промоција на поетската збирка „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова- Лори

Слични вести

Утревечер завршен матурски концерт на младиот охридски музичар Ѓоко Чеменкоски Утревечер завршен матурски концерт на младиот охридски музичар Ѓоко Чеменкоски
1 min read

Утревечер завршен матурски концерт на младиот охридски музичар Ѓоко Чеменкоски

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.