Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро над просекот за август

Водостојот на Охридското Езеро над просекот за август

1 min read
Водостојот на Охридското Езеро над просекот за август

Охрид, 7. август 2023 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е значително над просекот за овој период од годината.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,53 м.н.в, што е за 7 сантиметри над просекот за август (693,46 м.н.в), односно 43 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в).

Иако врнежите од дожд викендов ја намалија температурата на воздухот, сепак онаа на езерската вода е пријатна за капење и рекреација и изнесува 24,5 степени, што е за степен повисока од просечната.

Во Охрид денес сончево и посвежо време со мала до умерена облачност. Ќе дува повремено засилен ветер од западен правец. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 27. степени.

– Следува период на стабилно и посвежо време со пониски утрински температури. Утре ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Од среда дневните температури ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Утревечер оперски рецитал во чест на празникот Св. Климент Охридски
Next Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 26. степени

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.