Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Свети Стефан – летен

Свети Стефан – летен

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 15. август 2023 (ИНПРЕС) – Православните верници денеска го слават откривањето и преносот на моштите на Св. првомаченик и архиѓакон Стефан.

По повод празникот во пештерната црква „Св. Стефан” во Охрид синоќа се служеше празнична вечерна богослужба, а утринава света литургија.

Бројни верници ја посетуваат единствена црква посветена на овој светител во земјава, која претставува и главна манастирска црква на истоимениот манастир. Тие палат свеќи и му се молат за здравје и среќа на Свети Стефан.

Малечката полуоблесто соѕидана црква во шуплината на карпата, постоела и порано, но дури во времето на процутот на уметничката дејност во XV век добила фреско-живопис. Црквата сега има реконструиран надворешен дел, со нова камбанарија и нови конаци, кои на верниците и туристите им пружаат неповторлив душевен мир и прекрасен поглед на градот Охрид и езерото.

svetistefan2

svetistefan3

За свети архиѓакон Стефан не се знаеше ништо по неговата смрт со каменување во Ерусалим. Дури во петтиот век на Кафаргамалскиот епископ Лукијан во сон му се јави Гамалил, учителот на апостол Павле, и му го откри местото на кое почиваа неговите мошти, како и начинот на кој тие стасале дотаму. Имено, по убиството на свети Стефан, јудејците оставија неговото тело да го изедат пците, така што се до овој век тие беа сосема заборавени. Епископот Лукијан дојде до пештерата што му беше покажана и таму најде се според кажаното. А кога почнаа да копаат по пештерата се рашири пријатен и добар мирис од светите мошти. Подоцна моштите на свети Стефан беа пренесени во Цариград.

Во некои делови овој светец се нарекува и Стефан Ветровит поради што луѓето се плашат од него и го почитуваат за ветерот да не им го оддува сеното, сламата и да не донесе разни болести. Затоа се верува дека на денешен ден треба да се чуваме од ветрови. Морепловците денешниот ден го сметаат за празник бидејќи Свети Стефан им дава ветер за нивните едра.

извор: МПЦ/ИнПрес фото: fb/manastir sv.stefan

Post navigation

Previous Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 28. степени
Next Жителите на „7.Ноември“ и „Егејска“ утре неколку часа без вода

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.