Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Трибина по повод Денот на АРМ утревечер во Младински Центар Охрид

Трибина по повод Денот на АРМ утревечер во Младински Центар Охрид

1 min read
Трибина по повод Денот на АРМ утревечер во Младински Центар Охрид

Охрид, 16. август 2023 (ИНПРЕС) – Младински Центар Охрид во соработка со Здружението на ветерани од одбраната и безбедност Охрид, организира трибина по повод Денот на АРМ, 18-ти август и 80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“.

Трибината ќе се одржи утре од 18:00 часот во Младински Центар Охрид (Conference room), а учество ќе земат дел од ветераните на АРМ, млади лица и претставници од институциите.

Предвидена е посета на Спомен собата на Шестата Македонска Народноослободителна бригада, како и проекција на видео запис од Формирањето на АРМ – Првата заклетва на војниици во Касарната Михајло Апостолски во Охрид.

За роденден на АРМ е избран 18-ти август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”. Процесот за формирање на современата македонска армија e започнат во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Водата во Струга моментално не е за пиење
Next Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 29. степени

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.