Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Како дел од Ohrid Water Festival, ПК „Акваспирит“ утре ќе одржи пливачки митинг

Како дел од Ohrid Water Festival, ПК „Акваспирит“ утре ќе одржи пливачки митинг

1 min read

Охрид, 18. август 2023 (ИНПРЕС) – Како дел од Ohrid Water Festival, Пливачкиот клуб „Акваспирит“ утре ќе го организира „ОВФ пливачки митинг“ (Ohrid Water Festival Swimming Meet), под покровителство на Општина Охрид.

– Пријавени се над 150 пливачи, и она на што сме особено горди е фактот што имаме пливачи од три клубови од Република Србија, по еден клуб од Косово, Албанија и Велика Британија. Вкупно имаме пријави од 15 клубови и школи. На митингот натпреварувачите имаат можност да настапат во 8 различни дисциплини поделени во 6 возрасни категории. Исто така на митингот ќе има и ревијална трка со даски за дечиња и ревијална трка за возрасни (рекреативци) на 50 метри слободен стил. Натпреварувањето е поделено во два дела и тоа утрински 08:00 до 12:00 и попладневен од 16:00 до 19:00 часот, информираат од „Акваспирит“.

Додаваат дека натпреварувањето е организирано согласно правилата на Националната пливачка федерација (НПФ), LEN и World Aquatics. Ќе се оддржи на Градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во склоп на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous 80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“
Next Охрид најубав: 18. август 2023 година

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.