Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Независниот советник Наумоски предлага три улици без уличен систем да се именуваат по Тодор Александров, градоначалникот Јован Стојаноски и Марко Бошнаков

Независниот советник Наумоски предлага три улици без уличен систем да се именуваат по Тодор Александров, градоначалникот Јован Стојаноски и Марко Бошнаков

1 min read

Охрид, 22. август 2023 (ИНПРЕС) – Независниот советник во охридскиот Градски совет Антонио Наумоски до претседателот на Советот на Општина Охрид Сашо Донев поднесе иницијатива за именување на три улици без уличен систем во градот.

– Оваа иницијатива ја доставувам по извршен увид во регистарот на улици на Општина Охрид, каде има голем број на населени места без уличен систем и истите согласно закон треба да бидат именувани од страна на Советот на општината, потенцира Наумоски.

Додава дека од горе наведените причини, а со цел да се оддолжиме на одредени личности од нашата историја и од општествениот живот, тој доставува предлог иницијатива до Советот на Општина Охрид со следните предлози за 31-та седница.

– Предлог број 1 е улицата која во регистарот е со број 130 да биде именувана во чест на македонскиот политички водач, војвода и еден од водачите ВМРО – Тодор Александров. Предлог број 2, улица која е без уличен систем во регистарот да биде именувана во чест на поранешниот Градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски, кој ненадејно почина на ден 17-ти декември 2018 година и предлог број 3, улица која е без уличен систем во регистарот да се именува во чест на нашиот сограѓанин и учесник во Македонското ревулуционерно движење и член на Гемиџиите – Марко Бошнаков, потенцира Наумоски.

Согласно член 4 од Закон за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, советникот Наумоски предлага новите имиња да се изгласаат од страна на Советот на Општина Охрид и истите да се вметнат во регистар на улици на Општина Охрид.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Царинската управа ја спроведе кампањата „Стоп за корупција“ на преминот „Ќафасан“ и царинските испостави Струга и Охрид
Next УХМР: Продолжува периодот на многу топло време со температури и над 35 степени, на сила жолто и портокалово ниво на опасност

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.