Охрид, 23. август 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Попладне особено во планинските региони ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 33. степени.
– Ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Од денес во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и проследена со ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме. Краткотрајно постабилно ќе биде во петок, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес

