Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Свети маченици Аникита и Фотиј

Свети маченици Аникита и Фотиј


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 25. август 2023 (ИНПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Светите маченици Аникита и Фотиј.

Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги измачува, пред него застана свети Аникита, кој беше еден од градоначалниците, и смело ја исповеда пред царот својата вера во Господа Исуса Христа, Бог воплотен во тело заради нашето спасение.

При ова, Аникита уште и ги разобличи идолите како глуви и неми камења на кои еден разумен човек е недостојно да им се поклонува. Разјарен, царот нареди и му го отсекоа јазикот. Но, со силата Божја Аникита и натаму говореше. Тогаш на него пуштија лав, но лавот се умилкуваше околу него. Во тој миг падна храмот на Херкул. Фотиј, роднина на Аникита, го виде овој случај и трпењето на Аникита, па го бакна Аникита, се објави себеси за христијанин и му возвикна на царот: „О идолопоклонику, засрами се, твоите богови се ништожници!“ Царот нареди веднаш да го убијат со меч.

Но, кога крена рака на свети Фотиј, џелатот со мечот се удри самиот себеси и умре. По долги маки и двајцата ги фрлија во затвор и лежеа таму три години. Тогаш ги изведоа, усвитија огромна печка и ги фрлија во оган. Мнозина христијани, мажи, жени и деца, своеволно влегоа со нив во огнот. И од огнот се слушна молитвата на христијаните со која Му благодареа на Бога за маченичката смрт.

Сите пострадаа околу 305 година. Светите Аникита и Фотиј се повикуваат во молитвите на маслосвет и водосвет.

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

Post navigation

Previous Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 31. степени
Next Внимателно по пешачката патека кон „Горица 1“, падната е поголема гранка кај поранешниот ресторан „Парк“

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.