Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Научна и уметничка визита 2023: Денеска промоција на изданието на Прилози посветено на академик Алајдин Абази

Научна и уметничка визита 2023: Денеска промоција на изданието на Прилози посветено на академик Алајдин Абази

1 min read

Охрид, 25. август 2023 (ИНПРЕС) – Во рамките на Научната и уметничка визита 2023, која се одржува во Куќата на Уранија во Охрид, денеска, со почеток во 13:00 часот ќе се одржи промоција на изданието на Прилози, Одделение за технички науки, XXXIX 1-2, посветено на академик Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање.

Научната и уметничка визита 2023 започна на 28-ми јули 2023 година, со изложбата на дела од колекцијата на ликовниот уметник Славко Упевче, инспирирани од Св. Наум, по што на 10-ти, 11-ти и 12-ти август 2023 година се одржа лингвистичка работилница „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“ на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ.

– На 25. и 26. август 2023 година ќе се одржи синолошка конференција за кинескиот јазик, литература и култура на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ. На 27. август 2023 година, со почеток во 12:00 часот е закажана поетска средба „Разговор со акад. Павле Горановиќ“, член на Црногорската академија на науките и уметностите. Во текот на август ќе се одржи и промоција на изданието посветено на научноистражувачката работа на Акад. Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање на одделението за технички науки на МАНУ, а од 29. август до 2. септември 2023 година ќе се одржи „Охридска школа на природното право“ на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, информираат од Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија“ – МАНУ, Охрид.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Охрид најубав: 25. август 2023 година
Next Свечено отворенo 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.