Охрид, 25. август 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид, по 12-ти пат се одржува Меѓународниот Фер плеј куп.
Натпреварите се играат во СРЦ „Билјанини извори“, а ќе продефилираат над 2.000 натпреварувачи од 7 држави.
– Ова е најмасовниот спортски настан. Учествуваат близу 130 екипи во 6 возрасни категории од седум држави или над 2.000 натпреварувачи. Ги покануваме сите љубители на спортот да дојдат и да уживаат во натпреварите, велат за Супер радио и InPress организаторите, клубот „Фер плеј“.
Меѓународниот Фер плеј куп ќе трае до недела, за кога се закажани финалните натпревари. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
