Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 30. август 2023 (ИНПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Свети маченик Мирон, презвитер.
Бил свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив. Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки. При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го поткрепи.
Потоа почнаа да му ја сечат кожата на ленти, од главата до нозете. Маченикот дофати една од овие ленти од својата кожа и со нив го удри судијата-мачител в лице. Тогаш судијата Антипатар како да полуде, вон себеси, зеде меч и се уби самиот.
Најпосле Мирон го одведоа во градот Кизик и таму го погубија со меч, во 250 година.
извор: Слободен печат фото: Слободен печат

