Рано утрово избувна пожар во центарот на градот, кај Градскиот пазар (Фото)

Рано утрово избувна пожар во центарот на градот, кај Градскиот пазар (Фото)

Охрид, 7. септември 2023 (ИНПРЕС) – Рано утрово, околу 05:00 часот, избувна пожар во центарот на градот, кај Градскиот пазар, на уличка која од плоштадот кај стариот чинар води до пазарот.

Истиот беше успешно изгаснат од страна на екипи на охридската територијална противпожарна единица.

Според првите, неофицијални информации, пожарот избувнал во угостителски објект, а во истиот нема повредени лица. Причинета е поголема материјална штета.

извор: Охрид 1 фото: ТППЕ Охрид