Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Сдк.мк: Како САД ги става на црна листа, така државата ги спасува – се спасува ли струшкиот градоначалник Мерко од сите 15 истраги за корупција?

Сдк.мк: Како САД ги става на црна листа, така државата ги спасува – се спасува ли струшкиот градоначалник Мерко од сите 15 истраги за корупција?

Скопје/Струга, 11. септември 2023 (ИНПРЕС) – Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, за кого обвинителството по увидот кажа дека е запишан за 30 кривични дела и за кого во Струга се водат 10, а во Обвинителството за организиран криминал 5 истраги за злоупотреба на службената положба и овластувањата, исто така се спасува со амнестијата преку застарување на делата што ја изгласа Собранието претходната недела.

Мерко е од редовите на ДУИ и тој е најновиот на црната листа на Стејт Департментот, објавена во јуни, со дообјаснување дека американската влада ги знае доказите за негово коруптивно работење и злоупотреба на градоначалничката функција.

Со 48 гласа за, 36 против, и еден воздржан, Собранието на Република Македонија неодамна ги донесе измените на Кривичниот законик со кои по скратена постапка, се намалуваат затворските казни за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања.

Заедно со Рамиз Мерко на црната листа на личности на кои им се забранува влез во САД се ставени и синот на Мерко, двете ќерки и неговата сопруга.

Повеќе за досието „Мерко“ ОВДЕ.

извор: Сдк.мк/ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Театарската група при Црвен крст Охрид ја изведе претставата „Бара“ во Требиње, Босна и Херцеговина
Next Амстердам со 4 годишен план, 2,2 милиони евра и 15 нови мерки ќе ја подобрува индустријата за ноќен живот во градот

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.