Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во четврток во Охрид ќе се одржи јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје

Во четврток во Охрид ќе се одржи јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје

1 min read
Во четврток во Охрид ќе се одржи јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје

Охрид, 12. септември 2023 (ИНПРЕС) – Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата.

Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид во четврток, на 14-ти септември 2023 година со почеток во 10:00 часот. Јавна расправа е закажана и во петок, на 15-ти септември 2023 година со почеток во 10:00 часот во Општина Струга.

Од министерството информираат што содржи актот за прогласување на заштитеното подрачје Охридско Езеро:

– назив на заштитеното подрачје или природната реткост,
– категорија на заштита за заштитеното подрачје, географски карактеристики и други основни обележја,
– картографски приказ со граници на заштитеното подрачје
– граници на зоните кои постојат во рамките на заштитеното подрачје,
– типови на зони во заштитеното подрачје,
– режим на заштита и
– субјект кој ќе управува и други прашања утврдени со актот за прогласување.

Нацрт законот за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природата е изработен согласно Студијата за валоризација која ги детерминира природните вредности на подрачјето.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид најубав: 12. септември 2023 година
Next Минатата година собрани половина милион евра од туристичка такса, годинава се очекува надминување на оваа бројка

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.