Подгорица, 2. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Денес во Подгорица, Црна Гора ќе се одржи втората „Парада на гордоста“.
Поради ризичноста на овој собир, полицијата денес најави своевиден „полициски час“. Според најавите, неколку часа пред одржувањето на собирот, за сообраќај ќе бидат затворени сите улици во центарот на градот.
Локалните медиуми јавуваат дека изминатите неколку дена, полицијата добила информации дека одредени групации и оваа година се подготвуваат за насилно прекинување на „Парадата“.
Истата треба да започне од пред хотелот „Црна Гора“ и ќе се движи до старата зграда на Владата на Црна Гора, како и претходните години, затоа што оваа маршута е најлесна за обезбедување.
Властите во Црна Гора претходно ги повикаа граѓаните да бидат толерантни кон учесниците во „парадата“. Митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора Амфилохиј изјави дека не станува збор за „Pарада на гордоста“, туку за „парада на смрттa и човечкото самоуништување“. Црногорската ЛГБТ заедница го прогласи Амфилохиј за „хомофоб на годината“, на што митрополитот се заблагодари со зборовите дека тоа му е најмилото „признание“. (Крај)
извор: Вијести фото: архива
