Охрид, 26. септември 2023 (InPress) – Откако вчера, во неколку наврати поради невремето проследено со силни врнежи од дожд имаше прекини во снабдувањето со електрична енергија, Охрид и денеска повеќе од половина час беше без струја.
До овој момент нема потврдени информации за причините кои доведоа до истото и дали станува збор за некое оштетување на системот по вчерашното невреме.
Снабдувањето со електрична енергија се нормализираше нешто по 12:00 часот. (Крај)
извор: InPress фото: InPress