Охрид, 26. септември 2023 (InPress) – Учениците од здравствената струка при СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, како победници на општинскиот натпревар по Прва помош, учествуваа на државниот натпревар кој се одржа во саботата, на 23-ти септември 2023 година во Велес.
– По интензивните подготовки со помош на обучувачи од Црвен Крст – Охрид и менторот проф. Ивона Наумоска Опетчевска учениците се покажаа во најдобро светло и во конкуренција од 33 екипи се пласираа на осмото место. Честитки до учениците и менторот, потенцираат од училиштето. (Крај)
извор: InPress фото: архива