Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид ќе одбележи јубилеј 60 години постоење

Детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид ќе одбележи јубилеј 60 години постоење

1 min read
Детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид ќе одбележи јубилеј 60 години постоење

Охрид, 3. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Детската градинка „Јасна Ристеска“ годинава на Денот на ослободувањето на Охрид, 7. Ноември, ќе одбележи значаен јубилеј, 60 години од основањето.

Во изминативе шест децении во претшколската установа биле згрижени и израснале голем број деца.

– Градинката е средина во која децата се формираат како здрави личности, кои стекнуваат вештини, способности, навики, другарувања преку воспитно-згрижувачкиот процес. Тимот кој се грижи секојдневно за нашите дечиња, години работи посветено, со многу внимание, љубов и мотивација. Чест и задоволство е да се биде дел од установа како детската градинка „Јасна Ристеска“, вели за Супер радио и InPress директорката Ирина Милеска.

По повод патрониот празник на градинката предвидени се низа активности.

Во вторник, на 6-ти ноември во објектот „Централна“ во 12:30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Детска градинка Јасна Ристеска“ од авторот и промотор д-р. Никола Митровиќ со поддршка на градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид.

На 7-ми ноември во 10:00 часот во селото Рамне ќе биде положено свежо цвеќе пред бистата на Јасна Ристеска. Ќе настапат дечињата од објект „Развигорче“ од 4 до 5 годишна возраст со стихотворбата „Празнична песна“. Во 12:00 часот во објект „Централна“ ќе се оддржи заедничка средба со вработените и пензионерите од детската градинка.

Вечерта од 17:00 до 19:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се оддржи свечена приредба од дечињата на возраст од 5 до 6 години. На приредбата учествуваат 294 дечиња заедно со воспитните тимови. Оваа година тема на приредбата е „Охридска староградска песна“

Инаку, младата партизанка Јасна Ристеска, чие име го носи градинката, родум е од селото Рамне и пред 79 години, на 7-ми ноември 1944 година била меѓу борците кои се бореле и ги положиле своите животи за слободен Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Се заменуваат оштетените детски реквизити
Next Претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет утревечер повторно пред охриѓани

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.