ГКК Охрид во сабота гостува кај Еуроникел во Кавадарци

ГКК Охрид во сабота гостува кај Еуроникел во Кавадарци

Охрид, 9. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Кошаркарите на Охрид во сабота ги продолжуваат прволигашките натпревари.

Во рамки на седмото коло гостуваат во Кавадарци кај екипата на Еуроникел. Натпреварот е со почеток во 18:00 часот во спортската сала „Јасмин“, а ќе има и директен пренос.

По шест одиграни кола охриѓани се 11-ти на табелата со 7 бодови, додека Еуроникел се 4-ти со 10 бодови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива