Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ретко шкотско виски се продаде на аукција за рекордни 2,7 милиони долари

Ретко шкотско виски се продаде на аукција за рекордни 2,7 милиони долари

Лондон, 20. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Ретко шише виски достигна цена од 2,7 милиони долари, станувајќи највредниот алкохолен пијалак што се продал на аукција.

„Макалан сингл малт“ од 1926 година е едно од најбараните шишиња шкотско виски на светот, при што на вчерашната аукција на „Сотбис“ постигна цена двојно поголема од проценетата.

Шефот на одделот за виски на „Сотбис“ изјави дека пробал само капка од вискито пред да почне да се продава.

– Многу е богато, има многу сушено овошје, многу зачини и многу дрво, изјави Џони Фоули.

Вискито зреело 60 години во дабови буриња пред да биде флаширано во 1986, како едно од само 40 примероци. Тие не биле наменети за продажба, туку како подароци за најдобрите клиенти на „Макалан“ и кога и да биле понудени на аукција во изминатите години, секогаш постигнувале извонредни цени, како 1,5 милиони фунти во 2019.

Од „Сотбис“ велат дека сите 40 шишиња имале различни ознаки и не е познато колку се зачувани. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous АППТ: Oчекувањата до 2025 година се значителен раст на македонскиот туризам и зголемување од 50% на ноќевања и гости од земјите од Отворен Балкан
Next Се враќа евтината дневна тарифа за домаќинствата

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.