Туристичка репортажа за Охрид и Македонија објавена во бугарскиот магазин „Destinations-ultimate guide for your holiday“

Охрид/Скопје, 24. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Природните и традиционални убавини на Охрид и Македонија претставени во бугарскиот туристички магазин „Destinations-ultimate guide for your holiday“.

Туристичката репортажа за Македонија е со богати содржини и илустрации за неоткриените убавини во нашата дестинација, претставувајќи ги специфичните вкусови и ено-гастро концептот.
– Збогатете ја вашата листа на омилени дестинации со посета на Охрид, каде ќе ги откриете приказните што се кријат зад она познатото „Бисер на Балканот“, стои во објавата.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија велат дека соработката со туристичкиот сектор на Бугарија е континуирана и присуството во медиумите за туристичка промоција на земјава значи повеќе туристи и повеќе остварени ноќевања од страна на бугарските гости. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива