Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет во четврток повторно пред охриѓани

Претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет во четврток повторно пред охриѓани

1 min read

Охрид, 27. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Охридскиот народен театар во четврток, 30-ти ноември, повторно ќе ја одигра претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, во режија на Сашо Миленковски.

Станува збор за драмски текст кој имаше извонредно силно влијание врз уметноста од втората половина на XX век, давајќи совршен драмски израз на чувството на апсурдност во современиот свет. Основата на драмата е чекањето, очекувањето. Двата главни ликови кои изгледаат како бездомници, Владимир и Естрагон, го чекаат оној што е именуван како Годо. Во таа состојба на чекање сè се сведува на пополнување на времето. Иако, всушност, ништо не се случува, тоа недејство е исполнето со придушена нелагодност и неодредена закана, закана од непознатото, од кое ликовите стравуваат, но едновремено и посакуваат да се случи. Чекањето подразбира пасивност. Но таа пасивност е многу сложена и на физичко и на психолошко ниво. Како и егзистенцијалистичкиот очај кој е некогаш притаен, некогаш отворен, и психолошкото измачување насочено кон другиот лик е некогаш притаено, некогаш отворено, а често добива и форма на рамнодушност. Чекајќи го Годо останува една од најмагичните и најдобри алегории за нашето време.

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Филип Кипровски и Ангел Ристоски.

Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот, а цената на билетот е 200 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро за 4 сантиметри повисок од просекот за ноември
Next Чолески: Целта ми е да обезбедиме клима за конструктивна работа на карате натпреварувачите, тренерите и селекторите

Слични вести

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“ Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“
1 min read

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“ Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“
1 min read

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.