Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Пријавени 134 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени

ИЈЗ: Пријавени 134 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени

1 min read

Скопје/Охрид, 21. декември 2023 (ИНПРЕС) – Во периодот од 11-ти до 17-ти декември во Република Македонија пријавени се 134 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Заболените се пријавени од 12 ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 71, Тетово – 14, Струмица – 12, Куманово – 10, Битола и Прилеп – по 6, Штип – 5, а во Скопје, Кавадарци, Кичево, Гостивар и Радовиш бројот на пријавени е помал од 5. Во 11 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, а во една (Дебар) – висока активност на вирусот на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 58 лица се на возраст од 15-64 години, 32 кај деца на возраст од 0-4 години, 31 кај деца на возраст од 5-14 години и 13 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години, е наведено во извештајот.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 685. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 68,7%. Во досегашниот тек на сезоната на грип, не се регистрирани починати лица асоцирани со грип. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Меџити: „Трикафта“ пристигна на Детската клиника, секогаш во прв план ми биле пациентите и нивното здравје
Next Традиционален новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.