Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Париз ги покачи туристичките такси пред Олимпијадата

Париз ги покачи туристичките такси пред Олимпијадата

1 min read

Париз, 9. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Градoт Париз ги покачи туристичките такси од 1-ви јануари годинава. Мерката се воведува во пресрет на Олимписките игри во француската претолнина оваа година, па така, од месецов даноците за престој во хотели и други сместувачки места, се зголемени повеќе од двојно.

– За сите (цени на) хотелски соби коишто се обновени, гледаме зголемувања, почнувајќи од 20 отсто во седмиците што ѝ претходеа на Олимпијадата, рече Џејсон Сусински, директор на туристичката агенција „Кенсингтон турс“.

Сусински посочи и дека туристичките водичи во главниот град на Франција сега исто така наплаќаат повеќе – во некои случаи зголемување од 20 отсто во однос на минатата година. Од друга страна и влезниците за Музејот „Лувр“ од 15-ти јануари ќе поскапат до 22 евра. Според Музејот, тоа е прво поскапување последниве осум години.

Инаку, Светскиот совет за патувања и туризам (World Travel & Tourism Council) го прогласи Париз за најмоќен град туристичка дестинација во светот за 2023 година. Приходите се бројат во десетици милијарди евра.  (Крај)

извор: Бриф фото: архива

Post navigation

Previous 110 години од раѓањето на современиот македонски писател и новинар Иван Точко
Next Пливачкиот клуб „Акваспирит“ ќе одржува тренинзи во базенот во Струга

Слични вести

Прекин во водоснабдувањето во делови од Стар град Прекин во водоснабдувањето во делови од Стар град

Прекин во водоснабдувањето во делови од Стар град

Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
1 min read

Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

По шести пат „Генералка викенд“, ќе се чисти и во Охрид По шести пат „Генералка викенд“, ќе се чисти и во Охрид

По шести пат „Генералка викенд“, ќе се чисти и во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.