Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридското Езеро на четири сантиметри над просекот за јануари

Охридското Езеро на четири сантиметри над просекот за јануари

Охридското Езеро на четири сантиметри над просекот за јануари

Охрид, 9. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро се подобрува и е на четири сантиметри над просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,39 м.н.в, што е за 4 сантиметри над просекот за јануари (693,35 м.н.в) и 29 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Од почетокот на годинава езерското ниво порасна за два сантиметри. Температурата на водата е 8 степени и е за повеќе од степен повисока од просечната.

Во Охрид денес променливо облачно и студено време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 4. степени.

– Во текот на неделава времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури. Денес и во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето во населбата Рача
Next Прекин во водоснабдувањето на улиците „Карпош Војвода“ и „Мирче Ацев“

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.