Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Велкоска: Реконструкција на дворот на Гимназијата не се одвива со посакувана динамика, но се надевам дека што поскоро ќе продолжи

Велкоска: Реконструкција на дворот на Гимназијата не се одвива со посакувана динамика, но се надевам дека што поскоро ќе продолжи

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 15. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Зафатите поврзани со реконструкција на дворот на Гимназијата не се одвиваат со посакувана динамика, но се надевам дека што поскоро ќе продолжат, изјави за Супер радио и InPress Светлана Велкоска, директор на ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Додава дека влажното време создава проблеми за механизацијата, земјата е каллива и багерите е тешко да влезат. Инаку веќе е пуштена електрична инсталација, водоводната мрежа, направена е хидрантна мрежа, а решен и проблемот со атмосферските води.

Професорката Светлана Велкоска е нов директор на охридската гимназија

– Секој момент чекаме да продолжат работите, најверојатно тешко им е со багерите да влезат многу е калливо и пропаѓаат. Сега треба ова да се исчисти, изведувачите сакаат на здрава површина добро да се тампонира, бидејќи под асфалтот немаше тампон. Потоа ќе се асфалтира и бетонира. Пуштена е електрична инсталација, водоводната, ќе има фонтани чешми, ќе има 66 канделабри, во стилот на Гимназијата, како и оградата што е, ќе има игралиште околу него ќе има трибина, ќе биде затворено со мрежа и ќе биде мултифункционално, позади ќе има паркинг, ќе има патека за трчање, напред ќе има две отворени училници, лево и десно од влезот, со амфитеатрално седење. Ќе има клупи бетонски, а просторот ќе биде и хортикултурно уреден, потенцира Велкоска.

По ова, ќе следи реконструкција во внатрешноста на објектот, ѕидови, подови, ќе се промени дограмата внатрешна и надворешна, а ќе се реконструира и кровот, за што се обезбедени потребните дозволи. Велкоска вели дека овој голем проект ќе почне со реализација годинава, но не можеше да каже колку ќе трае бидејќи не сакале да прекинат со наставниот процес.

– Тоа е еден голем проект ќе почнеме годинава, но не можем да кажам колку ќе трае бидејќи не сакаме да прекинеме со настава. Дали ќе ротираме по училници, дали ќе се работи кат по кат зависно од работата ќе се одлучува дополнително. Само сакаме разбирање, побарав разбирање и од родителите и од децата и од колегите. Преку лето ќе се работи повеќе, но и ова време треба да се искористи, а тоа да не го почувствуваат учениците, додаде Велкоска.

Со оглед на тоа што Гимназијата е заштитена како споменик на културата сите зафати, започнати и што ќе следуваат се со А лиценца, сите тендери се со А лиценца.

Во таа насока, од Завод и Музеј Охрид како и од Управата за заштита на културното наследство е дозволено Гимназијата да работи и како културен споменик во текот на цела година, ќе биде отворена за посетители, па ќе влезе и во туристичката мапа на Охрид. Направено е кратко видео, краток историјат, а во план е да биде изработена и монографија за гимназијата.

По реконструкцијата практично целиот објект ќе биде во функција, вели Велкоска, а покрај наставниот процес во објектот ќе може да се реализираат и изложби, мини концерти и промоции. (Крај)

извор: InПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во ноември лани во Охрид издадени се 14 одобренија за градба
Next Јанкулоски: Од почетокот на годинава интервенирано е на 7 опожарени оџаци, апел до граѓаните редовно да ги чистат и одржуваат

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.