Објавена книгата „Охридски поети“од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо  Димоски

Објавена книгата „Охридски поети“од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски

Охрид, 23. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Во рамки на годинашните „Прличеви беседи“ ќе биде промовирана книгата „Охридски поети“ од авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а во издание на Општина Охрид.

Во овој труд на 250 страници се сместени стихови и песни на познати охридски поети кои остануваат поврзани со охридското поднебје, но и пошироко со македонската , словенската, балканската, медитеранската, европската и светската поезија.

Најновиот труд на Пандев и Ѓорѓо Димоски „Охридски Поети“ е дел од едицијата „Охридско книжевно наследство“ што ја издаде Општина Охрид, а одговорен уредник е Митре Велјаноски.

Покрај оваа, во едицијата се вбројуваат: „Дојди во Охрид“ 2018, „Антологија на ловорот“ 2020, „Книга за Чинго“ 2021, „Охридски раскажувачи“ 2022, „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ 2022, „Книга за светите браќа Климент и Наум Охридски“ 2022, „Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски“, „Охридскиот 19 век“ 2023, „Охридски поети“ 2023, „Отворено за македонистиката Книга Прва“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива