Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Работна средба на тема „Учи паметно-работи стручно“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Работна средба на тема „Учи паметно-работи стручно“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 26. јанаури 2024 (ИНПРЕС) – Во среда, 31-ви јануари, во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид во 12:00 часот ќе се одржи работна средба на тема „Учи паметно-работи стручно“.

Ќе се обратат градоначалникот Кирил Пецаков, а свое излагања ќе има раководителот на секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита, Димитар Спасески.

– Позитивните искуства и образовни профили ќе ги презентираат директорот на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, Сашо Недески, директорот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид, Ристе Јанкоски и директорот на ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид, Марјан Радески. Своите искуства и согледувања ќе ги пренесат и учениците и компаниските ментори, соопштија од училиштето.

Оттаму потенцираат дека компаниите и нивните потреби од стручен кадар ќе имаат најважна улога при дизајнирање на наставните програми.

– Со цел да се идентификуваат истите, се повикуваат компаниите да земат активна улога во целиот процес преку давање на предлози, сугестии и мислења како да се унапреди системот на средно стручно образование и кои наставни профили да се отворат во училиштата кои се во областите каде што компаниите делуваат, велат од училиштето.
Општина Охрид и локалната самоуправа, активно работи на подобрување на средното стручно образование, со единствена цел да креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и да ја зголеми можноста за вработување на младите.

Меѓу предлог теми за кои ќе се споделуваат мислења како дел од овој социјалниот дијалог се наведени какви профили на кадар им се потребни на компаниите, дали компаниите би примиле ученици на практична настава и од кои струки/профили, кои се евентуалните пречки со кои се соочуваат компаниите во врска со спроведувањето на практичната настава и предлози како истите да се надминат, но и каква е соработката на компаниите со училиштата и кои се можни начини за унапредување на истата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на системот е-ПДД
Next Јован Митрески избран за претседател на Собранието

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.