Свеченос посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“ поетот Славе Ѓорго Димоски

Свеченост посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“ поетот Славе Ѓорго Димоски

Охрид, 5. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Продолжуваат настаните за чествување на ликот и делото на ловороносецот Григор Прличев.

Од 11:45 часот ќе биде поставена изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во изложбениот салон, додека од 12:00 часот започнува свеченоста посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“. Предвиден е настап на градскиот хор „Вокс Лихнидос“, обраќања на претставник на Центарот за култура и Општина Охрид претставување на наградената поема „Денес”, артистичка изведба на поемата, врачување на Повелбата за најдобра поема за 2023 и свечено обраќање на лауреатот Славе Ѓорѓо Димоски.

Утре во 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ „Григор Прличев“, во 10.30 часот предвидени се панихида и полагање свежо цвеќе на гробот на Прличев во близина на црквата Св. Богородица – Перивлепта.

Од 11:00 часот во Спомен куќата на ловороносецот ќе се одржи настанот „Стихови и звуци за Прличев“ во рамки на кои ќе биде изведена песната „1762 лето“ – Митко Кољушевски и Венко Пашовски. Свое обраќање ќе има градоначалникот Кирил Пецаков, ќе бидат врачени два примероци од книгата „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, отпечатена во Брајово писмо, на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Здружението за слепи лица од Охрид, како и наградите на провонаградените литературни творби на Литературниот конкурс на ООУ „Григор Прличев“. По ова предвидено е читање на наградените литературни творби и промоција на книгата „Охридски поети“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во 12:30 часот предвидено е полагање ловоров венец и свежо цвеќе пред спомен – бистата на Прличев пред градската библиотека „Григор Прличев“, по што ќе се обрати Смиле Наумоски – член на Друштвото на писатели на Македонија.

Од 13:00 часот во Прличевата одаја на Библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи „Охридска визита“. Беседа за поетот и преродбеник Прличев ќе одржи проф. д-р Елизабета Шелева, по што ќе следи прогласување на добитникот на наградата за најдобра беседа во чест на Прличев за 2024 од распишаниот конкурс: „Како против пизмата?“, обраќање на добитникот на наградата и културно – уметнича програма.

Програмата ќе биде заокружена со свечена приредба по повод патрониот празник на ООУ „Григор Прличев“ утревечер од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива