Две претстави на охридскиот народен театар ќе бидат финансирани од министерството за култура

Две претстави на охридскиот народен театар ќе бидат финансирани од министерството за култура

Охрид, 9. февруари 2024 (ИНПРЕС) – И годинава охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“ доби финансии од министерството за култура за реализација на претстави на Народниот театар, овојпат за две.

Согласно објавените резултати од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес одобрени се по 600.000 денари за театарските претстави „Кумови“од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин Дундар и „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски.

Покрај тоа на Центарот за култура му се одобрени 300.000 денари за Балкански фестивал на народни песни и игри, за „Прличеви беседи“ 200.000 денари, 50.000 денари за ФА „Бисери“, 80.000 денари за „Охридски староградски средби“ и 120.000 денари за градскиот хор „Вокс Лихнидос“.

Во делот на инвестиции за националните установи, одобрени се 70.000 денари за набавка на десктоп компјутери и 67.000 денари за набавка на столици. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива