Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Балканскиот рис вметнат во Бонската конвенција, Македонија и Албанија со здружени сили ќе го штитат неговиот опстанок

Балканскиот рис вметнат во Бонската конвенција, Македонија и Албанија со здружени сили ќе го штитат неговиот опстанок

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Самарканд, 16. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Евроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, балканскиот рис, се најдоа на списокот на преселни видови, ова е одлучено на Конференцијата на Бонската конвенција во Узбекистан.

– Ова се одлични вести за сите заштитари од Европа и Азија, вели Диме Меловски од Македонското еколошко друштво (МЕД).

Тој во Самарканд го образложи поднесокот за вметнување на балканскиот рис во Бонската конвенција.

– Што се однесува до балканскиот рис, со поддршката на владите на Македонија и Албанија сега може да преземеме понатамошни важни чекори за заштита на загрозената популација, додаде Меловски.

Предлогот балканскиот рис да биде ставен на Прилог 1 од Бонската конвенција го даде македонската Влада со поддршка на албанската. Ова е особено важно, бидејќи, со овој чин, властите недвосмислено се заложуваат да ја заштитат оваа ретка мачка. Преостанати се помалку од 50 возрасни единки од балканскиот рис. Распространувањето му е расцепкано низ Македонија, Албанија и Косово.

Со вклучувањето на балканскиот рис на Бонската конвенција, владите од земјите се заложуваат да создадат најдобри можни услови за зачувување на балканскиот рис. Со ова ќе се овозможат прекугранични заштитарски активности, како што е мониторинг на балканскиот рис.

– Со оваа одлука властите во Македонија и Албанија прават јасна заложба за заштита на балканскиот рис. Будно ќе следиме дали се спроведува ветеното, вели Лиса Лешински, проектен раководител во партнерската организација Еуронатур.

Заштитниот знак на планината Галичица, балканскиот рис, после педесетина години пауза, за прв пат беше забележан во НП „Галичица“ во октомври 2020 година. Последно беше сликан на фотозамка во април минатата година, што според тогашните податоци беше осмо забележување на рисот на територија на националниот парк во последните три години.

Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) претставува подвид на евроазискиот рис (Lynx lynx). Нешто помалку од 50 возрасни единки талкаат низ планинските шуми на Јужен Балкан. Балканскиот рис се соочува со недостиг на поволни и поврзани живеалишта поради прекумерната експлоатација на шумите. Ова резултира и со намалена достапност на пленот. Дополнителна отежнителна околност е криволовот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous МВР за два пунктови во Скопје ќе праќа СМС за готови пасоши, на сите останати места ќе се подигнуваат како досега
Next Пецаков: Одблокирана сметката на ЈП „Нискоградба“ Охрид

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.