Пецаков: Одблокирана сметката на ЈП „Нискоградба“ Охрид

Пецаков: Одблокирана сметката на ЈП „Нискоградба“ Охрид

Охрид, 16. февруари 2024 (ИНПРЕС) – По Општина Охрид, од денес е одблокирана и сметката на ЈП „Нискоградба“ Охрид, изјави градоначалникот Кирил Пецаков при увид на градежни активности на инфраструктурен капитален проект во Горно Лакочереј.

– Претпријатието веќе нема долгови и ќе функционира отворено и ќе може да врши инвестиции. Тој процес во 2011 започна кога се формира за прв пат, две год го водеше локална самоуправа од СДСМ, во 2013 го презедовме со 1 200 000 евра долг. Овој принцип на работа нема да застане тука. Во иднина ќе продолжиме со работа и со останатите јавни претпријатија и носење на позитива финансиска состојба што ќе дозволи понатрамошно инвестирање, рече Пецаков.

Додаде дека покрај одблокирањето на сметката, претпријатието ќе биде префрлено во нови простории, а псотоечките на „Железничка“ ќе бидат претворени во центар за механизацијата на „Охридски комуналец“, „Водовод“ и „Нискоградба“.

Потенцира дека во изминатите две години има инвестиции од 15 милиони денари за механизација за ЈП „Нискоградба“. Пецаков истакна дека се работи на унапредување на секое општинско јавно претпријатие што ќе придонесе за позитивни моменти за општината и граѓаните што ги користат нивните услуги. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива