Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 18. март 2024 (ИНПРЕС) – Денес се одбележува годишнината од смртта на преродбеникот Кузман Шапкарев, кој почина во 1909 година во Софија.
Тој е еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата „Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина“, „Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин“, како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата во Македонија.
Роден е во Охрид, на 1. февруари 1834 година. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
