Охрид, 26. март 2024 (ИНПРЕС) – Филмот „Недела“ што ја следи животната приказна на пејачот Џеј Рамадановски, во петок, 29-ти март ќе се прикажува во охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“.
Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.
Улогите ги толкуваат: Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ и Милица Јаневски. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива