Охрид, 26. март 2024 (ИНПРЕС) – На 6-ти април во Охрид, во организација на Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ и Македонската Tаеквондо федерација, ќе се одржи третото издание на турнирот во олимписко Таеквондо „Охрид Опен 2024“.
Настанот е во согласност со турнирскиот систем на Македонската Таеквондо федерација и под покровителство на Општина Охрид.
– На турнирот се очекуваат повеќе од 300 натпреварувачи од 14 клубови од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија,Босна и Херцеговина и Косово. Како гости на отворањето ќе бидат и Дејан Ѓорѓиевски освојувачот на сребрен Олимписки медал за Македонија на ОИ во Токио и Милја Релјиќ потенцијални идни олимпијци за наредните ОИ. На отворањето ќе присуствуваат и градоначалниците на општините Бутел и Ѓорче Петров, Дарко Костовски и Александар Стојкоски, информира за Супер радио и InPress Ацо Јосифоски од „Хваранг Фист“.
Свеченото отворање на турнирот ќе биде во 13.00 часот, во СРЦ „Билјанини извори” од страна на градоначалникот на Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес