Демири и Манолева во Охрид: Здравствениот дом со реновирана служба за вакцинации и две нови амбулантни возила

Демири и Манолева во Охрид: Здравствениот дом со реновирана служба за вакцинации и две нови амбулантни возила

Охрид, 28. март 2024 (ИНПРЕС) – Министерот за здравство Илир Демири и заменик министерката Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот Дом во Охрид и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

– Во изминатиот период, Здравствениот дом значително ги унапреди условите со реновирање на просториите во Службата за вакцинации, како и зголемување на нивото на здравствена заштита, рече министерот Демири.

Со обнова на опремата за лабораторија и медицинска апаратура се прошири делокругот на анализи кои сега се вршат во здравствената установа.

– Како што ме информираше директорката, набавени се две амбулантни возила за Итната медицинска помош од сопствени средства, со што се изврши обнова на возниот парк, поефикасно, побрзо и навремено реализирање на здравствените услуги за пациентите, изјави Манолева.

Со цел подостоинствени услови за пациентите и вработените, потпишан е договор за поправки, санација на објектот „Маларична“ со примена на фасада, кров и партерно уредување. Исто така, спроведена е постапка за санација на објектот амбуланта Белчишта во вредност од 7.665.280.00 денари од сопствени средства. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива