Викендов започнува летното сметање на времето

Викендов започнува летното сметање на времето

Охрид, 29. март 2024 (ИНПРЕС) – Викендов започнува летното сметање на времето.

Вечерта помеѓу 30-ти и 31-ви март (сабота спрема недела) во 02:00 часот наутро стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред, со што времето во 02:00 ќе се смета како 03:00 часот.

Летното сметање на времето или летно време е договорено правило за пометување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред напролет (последниот викенд во март), а да се враќаат еден час наназад наесен (последниот викенд во октомври). Овој систем е предложен во 1905 година од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива