Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На полноќ истекува рокот за поднесување листи за пратеници до ДИК

На полноќ истекува рокот за поднесување листи за пратеници до ДИК

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 2. април 2024 (ИНПРЕС) – На полноќ истекува рокот до кога политичките партии и коалициите до Државната изборна комисија (ДИК) треба да ги достават пратеничките листи за парламентарните избори, закажани за 8-ми мај.

Ако ДИК утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, поднесената листа ќе ја потврди со решение веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа. Денеска исто така ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список и за претседателските (24-ти април) и за парламентарните избори.

Редоследот на кандидати во листата на кандидати, ДИК го утврдува со ждрепка која треба да се одржи најдоцна на 13-ти април и тој број е ист во сите изборни единици. Во изборната единица каде нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место.

Собранието вчера го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој се допрецизираат одредбите за определување на редниот број на гласачкото ливче за двата изборни процеси, односно политичките партии кои предложиле или поддржале кандидат за претседател на државата да можат да ги задржат извлечените редни броеви и за парламентарните избори за поедноставна презентација пред граѓаните.

Другите политички партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори, пак, дополнително по пат на жрепка ќе извлечат редни броеви под кои ќе настапат на изборите.

Изборната кампања за парламентарните избори започнува на 18-ти април и неколку дена ќе се поклопи со кампањата за избор на претседател, која завршува на 22-ри април.

Седуммината кандидати за претседател на државата денеска во ДИК ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Партиите со претседателски кандидат ќе може да ги задржат редните броеви и за парламентарните избори
Next Се поставува енергетски ефикасна фасада на ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.