Македонија во февруари ја посетиле речиси 27 илјади странски туристи, најбројни од Турција, Србија и Грција

Македонија во февруари ја посетиле речиси 27 илјади странски туристи, најбројни од Турција, Србија и Грција

Скопје/Охрид, 12. април 2024 (ИНПРЕС) – Во февруари годинава Република Македонија ја посетиле вкупно 44. 224 туристи, од кои 39 % биле домашни, а 61 % се странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата во февруари 2024 година изнесува 89. 362, од кои 44.7 % се од домашните туристи, а 55.3 % од странските туристи.

Во однос на структурата на странските туристи, најмногубројни биле Турците – 5.104, следуваат гостите од Србија – 3.448, од Грција – 2.679, од Бугарија – 1.621, Албанија – 1.551, од Германија – 1.424 итн.

Во периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 9 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.9 %, а кај странските има зголемување за
12.8 %.

Во периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12 %, а кај странските има зголемување за
11.2 %. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес