Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонската традиционална таеквондо федерација дел од европската елита во Копер, Словенија

Македонската традиционална таеквондо федерација дел од европската елита во Копер, Словенија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 15. април 2024 (ИНПРЕС) – Од денеска до 22-ри април Македонската традиционална таеквондо федерација под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски учествува на Европското таеквондо ИТФ првенство во Копер, Словенија.

Нашата репрезентација ќе ја претставуваат шест натпреварувачи. Сите имаат антидопинг сертификати, што се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките течеа последните два месеци секојдневно, под будното око на националниот селектор Саша Поповски црн појас V дан, вели Лазаревски.

– Боите на нашата држава ќе ги бранат: Христијана Парулеска, црн појас I дан, Давид Крстески, црн појас I дан, Елена Јанеска, црн појас I дан, Марио Крстески, црн појас I дан, Софија Колушоска црвен појас и Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан. Благодарение на генералниот спонзор „ПН Метал”, Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид , МТТФ повторно ќе биде дел од европската елита, додава Лазаревски.

И овој пат се надева дека натпреварувачите ќе го дадат максимумот и повторно ќе нѐ израдуваат со медали и добар пласман. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Македонија во февруари ја посетиле речиси 27 илјади странски туристи, најбројни од Турција, Србија и Грција
Next Охридски спасители на планина на регионална средба со своите колеги во Хрватска

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.