Центарот за јавно здравје со поволни услуги за станоиздавачите за дезинфекција на објектите

Центарот за јавно здравје со поволни услуги за станоиздавачите за дезинфекција на објектите

Охрид, 16. април 2024 (ИНПРЕС) – Центарот за јавно здравје Охрид подготви посебни, поволни пакет услуги за станоиздавачите за дезинфекција на објектите, а во пресрет на претстојните празници и летната туристичка сезона.

– Во рамки на своите законски надлежности и јавни овластувања, а во пресрет на претстојните празници и летната туристичка сезона, се повикуваат давателите на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга да се обратат до Одделението за Епидемиологија на Центар за јавно здравје Охрид со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на угостителски услуги, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, соопштија од Центарот за јавно здравје.

Нивните мобилни екипи ќе бидат на располагање секој работен ден и сабота со потребната опрема и средства да одговорат на барањата и потребите на угостителите (станоиздавачите) за навремено и ефикасно спроведување на превентивната дезинфекција со цел намалување и избегнување на ризиците од појавата на заразни заболувања.

За дополнителни информации и закажување на услугата (дезинфекција) станоиздавачите можат да се обратат во просториите на Центар за јавно здравје Охрид, на e-mail zzz.ohrid@gmail.com или на телефоните 046/231-030 и 070/ 723-029. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива