April 16, 2024

Охрид, 16. април 2024 (ИНПРЕС) – Кошаркарите на ГКК Охрид утре ќе го одиграат последниот натпревар што ќе го одреди нивниот опстанок во Првата кошаркарска лига.

На домашен терен ја пречекуваат екипата на КК Вардар од Скопје.

– Охриѓани, ве повикуваме да дојдете во што е можно поголем број и да го бодрите Охрид за опстанок во елитата, велат од клубот.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 17:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива