Почнуваат свеченостите за одбележување на годишнината од смртта на војводата Христо Узунов

Почнуваат свеченостите за одбележување на годишнината од смртта на војводата Христо Узунов

Охрид, 19. април 2024 (ИНПРЕС) – Со бројни свечености, Општина Охрид и ОУ „Христо Узунов“ ќе одбележат 119 години од смртта на учителот, војводата и револуционерот Христо Узунов.

Програмата започнува вечерва од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ каде ќе се одржи приредбата за одбележување на патрониот празник на училиштето што го носи неговото име.

Свеченостите продолжуваат во понеделник 22-ри април, од 11:00 часот во дворот на основното училиште ќе биде положено цвеќе пред спомен обележјето и ќе се одржи историски час.

Во среда, 24-ти април, од 11:00 часот ќе биде положено цвеќе пред бистата на Узунов во градскиот парк, а на неговиот гроб во кичевското село Цер ќе се одржи панихида.

Христо Узунов загина на 24-ти април 1905 година. На овој ден тој со својата чета од Крушево заминал за Кичевско, но во кичевското село Цер четата била опколена од многуброен турски аскер со артилерија. Бидејќи немале никаква помош, борците биле принудени или да се предадат или да се самоубијат. За да не им паднат живи в раце на Турците, тој и неговите 13 соборци последните куршуми ги истрелале во себе. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива