Охрид, 23. април 2024 (ИНПРЕС) – Во пресрет на овој изборен циклус, од Општинската изборна комисија од Охрид информираат дека се променети локациите на 8 избирачки места на територијата на Општина Охрид.
Променета е локацијата на следните избирачки места:
– ИМ 1271, од МЗ „Билјанини избори“, улица „Мирче Ацев“ број 31, префрлено е во ЈЗУ Општа болница (Модуларна), на улица „Сирма војвода“ број 1.
– ИМ 1260, од приватен објект на улица „Даме Груев“ е префрлено во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид (Гимназија).
– ИМ 1297, од хотел „Бетон“ е префрлено во Основното училиште во селото Долно Коњско.
– ИМ 1281 и 1281/1, се префрлени од приватен објект во населбата „Видобишта“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, на улица „Живко Чинго“ број 1.
– ИМ 1283 и 1283/1, се префрлени од приватен објект на улицата „Момчило Јорданоски“ во ОУ „Христо Узунов“, на улица „Питу Гули“ број 128.
– ИМ 1267, е префрлено од МЗ „Железничка“ во приватен објект на улица „Железничка“ број 104 А. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес