April 29, 2024

Охрид, 29. април 2024 (ИНПРЕС) – Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ и годинава го организира традиционалниот „Велигденски базар“.

Ќе се одржи утре на плоштадот „Крушевска Република“.

Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата предвидена е и културно-уметничка програма на која ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“, КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.

– На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења. Велигденскиот базар и оваа година ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно. Исто така, ОО на Црвен крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива