Осака, 7. мај 2024 (ИНПРЕС) – Додека аеродромите во Доха и Сингапур се натпреваруваат за титулата најдобар на светот, еден друг аеродром се фокусира на поинакво постигнување. Меѓународниот аеродром „Кинсаи“ во Јапонија нема изгубено ниедно парче багаж точно 30 години.
Седмиот најпрометен аеродром во Јапонија, кој ги опслужува регионите Осака, Кобе и Кјото, се отвори во септември 1994 и оттогаш ништо не се изгубило таму. Низ него годишно поминуваат меѓу 20 и 30 милиони патници.
– Не мислиме дека правиме нешто посебно. Секој ден го правиме она што ни е работа. Секако, среќни сме што можеме да го добиеме ова признание, изјави портпаролот на аеродромот Кенџи Таканиши.
Специјализираниот британски сајт „Скајтрекс“ го прогласи „Кинсаи“ за најдобар аеродром на светот кога станува збор за ракување со багажот на патниците.
„Кинсаи“, изграден на вештачки остров во заливот Осака, се најде на 18. место на годинашната листа на најдобри аеродроми на светот. (Крај)
извор: Сакам да кажам фото: архива