Расте езерскиот водостој, моментално е за 8 сантиметри над мајскиот просек

Расте езерскиот водостој, моментално е за 8 сантиметри над мајскиот просек

Охрид, 15. мај 2024 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро периодов е во постојан раст.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото е на кота од 693,73 м.н.в што е за 8 сантиметри над просекот за мај (693,65 м.н.в) и за 63 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е во рамки на просекот и изнесува 15. степени целзиусови.

На почетокот на мај водостојот беше на просечната кота и за 15 дена порасна за цели осум сантиметри.

Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.

– Денес и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР