Охрид, 4. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово во 07:20 часот се случила на регионалниот пат Охрид-Ресен на охридска страна, во близина на Прентов мост.
Во несреќата учествувале две патнички возила.
– Повредените лица се префрлени во болницата „Св.Еразмо“. Во несреќата учествувале две моторни возила, едно со охридски, друго со битолски регистарски ознаки. Увид изврши полициска екипа на СВР Охрид. За време на увидот сообраќајот беше во застој, но за крако време се создадени услови за негово нормализирање, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ОхридПрес